Бојко Борисов одби да учествува во дебатата со Кирил Петков и Асен Василев

news
Advertisement

Лидерот на ГЕРБ Бојко Борисов на својот Фејсбук профил напиша дека нема да учествува во предизборната дебата со Асен Василев и Кирил Петков, јави дописникот на МИА од Софија.

Advertisement

Кирил Петков во саботата во интервју за најголемата приватна радиостаница во Бугарија „Дарик” предложи да се одржи предизборна дебата со Бојко Борисов. Сите социолошки студии во Бугарија покажуваат дека или „Продолжуваме со промената” или ГЕРБ ќе има најголеми шанси да ја формира следната редовна влада на земјата.

Бојко Борисов напиша дека ќе дебатира со секој што ги почитува законите на Бугарија, но Асен Василев и Кирил Петков, според него, не биле такви.

Поканата е отворена најдоцна до четврток навечер, како што предложија копретседателите на „Продолжуваме со промената” на неутрален терен

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.