Британците во паника: инфлацијата неочекувано забрза, а цените на храната вртоглаво растат

news
Advertisement

Стапката на инфлација во Велика Британија неочекувано забрза во февруари, задржувајќи се на двоцифрена и вршејќи дополнителен притисок врз Банката на Англија да ги зголеми каматните стапки на утрешната седница. Годишната стапка на инфлација на потрошувачките цени се искачи на 10,4 отсто во февруари, соопшти денеска Канцеларијата за национална статистика, во однос на 10,1 отсто во јануари – повисока од прогнозата од 9,9 отсто од Банката на Англија и економистите анкетирани од „Ројтерс“.

Advertisement

Базичната инфлација, која ги исклучува нестабилните цени на храната, енергијата, алкохолот и тутунот, исто така силно се зголеми на 6,2 отсто, од 5,8 отсто во претходниот месец и ги надмина прогнозите за забавување на 5,7 отсто.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.