Брнабиќ: Курти не врати не во 19, туку во 18 век, не доведе до раб на војна

news
Advertisement

Српската премиерка Ана Брнабиќ, коментирајќи ја актуелната ситуација на Косово и Метохија, рече дека „Албин Курти не врати сите нас не во 19, туку во 18 век“. Таа не ја исклучи можноста Србија, повикувајќи се на резолуцијата 1244, да побара присуство на своите безбедносни сили на Косово.„Албин Курти не врати сите назад не во 19, туку во 18 век. Се што прави е опасност, не само за Србите, туку и за Албанците и за цела Европа. Курти не доведе до самиот раб на војна. Однесувањето му е целосно егоцентрично, Кфор и ЕУлекс не си ја вршат работата, не ги штитат Србите на Косово и Метохија. Многу сме блиску до барање за враќање на нашите сили на територијата на Косово и Метохија според резолуцијата 1244“, рече Брнабиќ, додавајќи дека Србите се во страшна состојба.

Advertisement

Во синоќешното обраќање директорот на владината канцеларија за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, рече дека Белград размислува да врати до 1.000 припадници на своите безбедносни сили.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.