Бројот на загинати доближува до 20.000 – проценките се дека под урнатините има 180.000 луѓе

news
Advertisement

Повеќе од три цели денови после земјотресот кој ги погоди регионите на југоисточна Труција и северозападна Сирија, спасувачите не се откажуваат од потрагата по преживеани под урнатините. Нивните напори продолжуваат длабоко во ноќта, под рефелктори и на минусни температури. Исцрпеноста и студот се забораваат секогаш кога ќе успеат да излечат живо лице.

Advertisement

Секоја странска спасувачка екипа што пристигнува во погодените региони, веднаш се фрла на работа. Но, времето истекува, а очајот се зголемува, особено што властите стравуваат дека бројот на затрупани под урнатите згради е застрашувачки голем, над 100.000 лица, а некои проценуваат дека може да надминува и 180.000. Веќе е потврдена смртта на повеќе од 17.000 лица, а бројот на повредени се приближува на 100.000 лица.

Ова е од размер кој е едноставно шокантен. Мислам дека бројките кои ги гледаме, знаете, се релативно мали во споредба со тие што треба да ги очекуваме.“, вели д-р Џорџ Чампас – специјалист по итна медицина
Во многу голем дел од разурнатите населби, спасувачите воопшто не пристигнале, а еден од најпогодените региони, Хатај, има многу бегалци од Сирија, кои сами и со голи раце ги пребаруваат урнатините.

Внатре има четири, извадивме две, но две веќе со часови се заглавени внатре. Ги слушаме и тие одговараат. Потребни ни се спасувачки екипи, апелирам до целиот свет и меѓународната заедница, да ни помогнат да ги спасиме децата.“, вели Абдулкадер Баракат – Сириски бегалец во Антакија
Временските услови ја зголемуваат мизаеријата на преживеаните, стотиците илјади кои останаа без покрив над главата, без храна и вода, под отворено небо на смрзнувачки температури. Ваквите услови ги натераа хуманитарните работници кои се веќе на терен да побараат итна помош, од храна, лекови и санитарни средства, до топла облека и засолништа.

Во меѓувреме, првиот конвој со хуманитарна помош од ООН пристигна во Сирија.

Овој конвој е првичниот одговор на ООН и ќе биде следен од многу поголеми конвои во следните денови, како што ни ветија од ООН и Турција.“, вели Мазен Алуш – службеник на граничниот премин Баб ал Хава
Погодениот регион на северот од земјата е поделен помеѓу сириските бунтовници, курдските сили, исламските екстремисти, турската армија и секако силите на режимот на Асад, поради што хуманитарните организации стравуваат дека распределувањето на помошта ќе оди многу тешко.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.