Бројот на првачињата драстично помал

news
Advertisement

Училишното ѕвоно го означи стартот на новата учебна година на која најмногу и се израдуваа првачињата. Тие прв пат седнуваат во училишните клупи. Дел од нив од општините добија ранци и прибор, а дел и ветување од локалната власт за спорт и дополнитгелни активности.

Advertisement

Министерство за образование се уште ги нема објавено официјалните бројки за запишаните првачиња. Оттаму за ТВ 24 брифираат дека неофицијално бројот се движи околу 18 000 првачиња, што е за околу 3000 првачиња помалку од лани.

Тоа не е за изненадување ако се земе предвид дека само во Штип во училиште се запишани за една третина помалку деца од минатата година. Слична е состојбата Гевгелија, Кичево, Делчево и Тетово.

Бројот на првачињата во изминатава деценија континуирано опаѓа. Според податоците на Државниот завод за статистика, не само што секоја година се намалува бројот на новородените деца, туку дополнително се намалува и бројот на запишаните на училиште главно поради иселувањето во странство.

Оваа учебна година стартува без учебници за прво, второ, четвртто и петто одделение. Надлежните уверуваат дека се подготвени материјали за реализирање на наставната програмата. Учебниците според новите наставни програми се во различна фаза на одобрување и додека ги добијат, учениците од овие одделенија ќе учат од соодветни материјали во кои се разработени содржините од првото тримесечје. МОН уверува дека не се работи за скрипти, туку материјали кои се квалитетни и креативни и учениците ги добиваат бесплатно.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.