Бугаризацијата ја измисли опозицијата за да го плаши македонскиот народ, вели Пендаровски

news
Advertisement

Дали Џафери ги почитувал парламентарните процедури, тоа се други надлежни да ценат. Во правниот аспект има правни аргументи. Уставот е посилен од секој закон и посилен од законот за референдум и граѓански иницијативи, смета претседателот Стево Пендаровски.

Advertisement

-Во Уставот стои дека меѓународно ратификуван договор, не може да биде променет со закон. Македонско-бугарскиот договор е ратификуван во нашиот парламент и не може преку референдум да се поништи законот со кој тој договор важи, изјави Пендаровски во емисијата „Трилинг“.

Според него, референдум ни беше нужен, ама не со овие, како што вели, магливи варијанти што ги предлага ВМРО-ДПМНЕ.

-Од бугаризација се плашат или најавуваат дека ќе ни се случи само Македонците кои имаат лабаво самочувство. Навредливо е за македонската нација да се каже дека преку протокол, договор, преку механизми на европска интеграција дека ќе станеме Бугари. Тој дух на наводна бугаризација е измислена од страна на опозицијата за да го плаши македонскиот народ. Нема потреба да се плаши народот од тоа, нема никаква опасност дека низ европските преговори ќе станеме Бугари, рече Пендаровски.

Пендаровски откри дека на 1 октомври ќе оди во Софија, на покана од Радев каде се отвара интерконекторот меѓу Грција и Бугарија и таму се повикани повеќе претседатели.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.