Бугарското МНР ќе дефинира конкретни обврски на институциите во Бугарија во однос на дијалогот

news
Advertisement

Усвојување писмен документ со конкретно утврдени обврски на бугарските институции во однос на билатералниот дијалог со Македонија, ќе биде првата задача на бугарското министерство за надворешни работи во транзицискиот период до изборите во октомври.

Advertisement

Техничкиот министер за надворешни работи, Николај Милков, ги презентираше приоритетите на бугарската дипломатија, каде односите со Македонија очекувано се високо на агендата. Милков не прецизираше што се би содржел документот, но изрази очекување дека ќе донесе напредок и резултати.

-Ќе биде тоа писмен документ, кој ќе ги дефинира задачите на различни институции и организации во однос на тоа што ќе да се направи во иднина во односите со Македонија, за да се постигне систематски пристап, јасно да се назначат задачите и одговорностите. , изјави Николај Милков, технички министер за надворешни работи на Бугарија.

На брифингот во Софија, Милков порача дека очекува како што вели, консолидација меѓу македонските партии околу отворените прашања со Бугарија. Рече дека стравува од процес на реверзибилност, односно враќање назад на целиот процес.

-За жал, додека ние располагаме со некаков национален консензус во однос на Македонија, кај нив, тоа не се гледа многу јасно. Таму има една партија која е отворена за дијалог со Бугарија, колку и да е тежок дијалогот и друга партија која е против. , вели Милков.

Во однос на присуството на генералниот конзул на Бугарија, Димитар Иванов во просториите на Центарот „Ванчо Михајлов“ во Битола за време на увидот на Комисијата за заштита од дискриминација минатата недела, Милков не гледа ништо проблематично, зашто како што тврди, конзулот не ги попречувал активностите на Комисијата. Македонското МНР пред три дена реагираше дека Иванов немал право да присуствува на увидот зашто немал право да ги застапува интересите на граѓанските здруженија регистрирани во Македонија.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.