ВИДЕО: Милан очаен, Интер со моќно издание го одбрани Супер-куп трофејот!

news
Advertisement

Екипата на Интер ја одбрани титулата во Суперкупот на Италија. Во големото дерби со градскиот ривал Милан, момците на Симоне Инзаги одиграа фантастичен натпревар и заслужено со 3-0 го посрамотија освојувачот на калчото и се радуваат на првиот овосезонски трофеј.

Advertisement

Големото градско дерби започна во знакот на претпоследниот шампион. Интер отвори помотивирано и помоќно, а тоа донесе неочекуван удар за миланезите и два брзи гола во мрежата на Чиприан Татарушану. По фантастична тимска акција, Барела несебично го проигра Димарко, кој биеше прецизно за голема радост за синиот дел од трибините.

Шампионот уште несоземен од почетниот шок, следуваше нова радост за „нероазурите“. Во 21.минута искусниот Един Џеко со мајсторска финта го „насамари“ директниот чувар Тонали и со удар на втора статива донесе големо водство за својот тим. Со овој погодок босанскиот центарфор влезе во историјата на ова натпреварување, бидејќи стана највозрасниот стрелец во Суперкупот на Италија (36 години). Милан бледото прво полувреме го заврши со само една посериозна закана, која што ја испрати Леао во 17. минута.

Стефано Пиоли веројатно разочаран од одиграното полувреме на своите избраници, на стартот од вториот дел се реши за три замени, но ниту Калулу, Ориги и Де Кателаре не донесоа ништо ново на теренот. Интер свесно се повлече и дозволи Милан да ја води играта, но не и да се загрози мрежата на Онана. Во периодот кога се очекуваше Милан да нападне со сите сили, една минијатура на Лаутаро Мартинез донесе крај на сите надежи на противникот. Аргентинскиот напаѓач во 78. минута со прекрасен гол ги постави конечните 3-0.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.