ВИДЕО | Ова младо момче го надитри турскиот продавач на сладолед

news
Advertisement

Турските продавачи на сладолед се познати шегобијци, а особено сакаат да се шегуваат со најмладите, кои со нетрпение го чекаат својот ред за вкусен сладолед. Сладоледџиите секогаш ги забавуваат туристите и случајните минувачи кога си поигруваат со најмалите муштерии додека им го подготвуваат нарачаниот сладолед.

Advertisement

Најпрво им даваат празен корнет, потоа сладоледот со помош на метална прачка постојано се движи околу нив додека тие се обидуваат да го уловат. Кога најмладите ќе помислат дека играта е завршена шегата продолжува и добиваат топка сладолед, но без корнет.


Магичниот турски сладолед кој е тешко да се улови беше лесен предизвик за ова преслатко момче. Во истиот момент кога сладоледџијата почна да си поигрува со него младото момче силно го повлече за металната прачка и го зема својот сладолед.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.