Вилата на Тито во Њујорк продадена за 50 милиони долари

news
Advertisement

Прекрасен дворец од 20.000 квадратни метри на Петтата авенија 854 на Менхетен, еден од најстарите њујоршки дворци купени од Југославија во 1946 година, е продаден за 50 милиони долари, од кои 19,75 милиони долари одат за Србија.

Advertisement

Имено, продавач на вилата, која ја користеше и Постојаната мисија на Србија во ОН, се петте држави наследнички на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија и Србија и вилата ја купила компанија со адреса во Њујорк.
Парите на тој начин се поделени на пет земји, а процесот на распределба на дипломатско-конзуларниот имот на поранешна Југославија беше воспоставен во 2016 година кога беше постигнат договор за продажба на недвижен имот. Според договорот за наследување, 39,5 отсто од парите добиени од продажбата треба да и припаднат на Србија.

Според Договорот, покрај Србија со учество од 39,5 отсто, следуваат Хрватска со 23,5 отсто, Босна и Херцеговина со 15 отсто, Словенија со 14 отсто и Македонија со 8 отсто.

Така Србија ќе добие речиси 20 милиони од продажба на скапа вила, но тамошните медиуми потенцираат дека со овој чекор всушност земјата се ослободила од голем трошок.

Согласно процентот кој досега е објавен во медиумите, Македонија грубо би требало да добие околу 4 милиони долари.

Вељко Одаловиќ, претставникот на Србија во Мешовитиот комитет за наследување на имотот на ДКП на СФРЈ, претходно изјави дека трошоците за одржување и чување на тие објекти се многу високи.

Така, за одржување на оваа скапа вила, почнувајќи од 1992 година до денес дадовме 5.040.000 долари.

Титовиот дворец што беше продаден е инаку најскапиот имот на Петтата авенија. Тој дворец е вила од варовник широк 30,5 метри, дизајнирана во 1903 година од архитектите Ворен и Ветмор од познатата Централна станица на Менхетен. Во 1969 година, тој беше прогласен за индивидуално обележје на Њујорк, поради „импресивната чистота на стилот изведена со таква финес и авторитет“.

Оваа прекрасна резиденција има 32 големи соби и 12 бањи распоредени на девет нивоа директно свртени кон Централ Парк. Спектакуларни погледи од 10 соби свртени кон паркот вклучуваат некои од најпознатите градби во Мидтаун и Вест Сајд, стари и нови. За време на Студената војна, наводно имало соба на врвот на зградата која никој не можел да ја прислушува, а имало и прозори отпорни на куршуми свртени кон Петтата авенија.

Повеќето од оригиналните детали на куќата останаа недопрени до ден-денес, вклучително и две неверојатни француски таписерии од 18 век над големите кривулести скалила, 17 камини, рачно врежани балустради направени од поединечни парчиња редок италијански мермер, златни листови, рачно насликани тавани кои потсетуваат на стара Европа, облоги од древен француски замок кој подоцна бил вграден во овој простор, и два лифтови.

Во 1946 година, Јосип Броз Тито, покојниот шеф на Југославија, купил куќа за Постојаната мисија на неговата земја во Обединетите нации.

Во 1961 година, Тито и претседателите на Египет, Гана, Индија и Индонезија подготвија план за создавање на Движењето на неврзаните во една од главните простории на замокот.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.