ВМРО-ДПМНЕ: Владата да објасни дали критериумот за делење на МКарта е ист како и за пасошите на криминалците

news
Advertisement

Владата да објасни под кои критериуми ги дели картичките за иселеници, дали критериумот е ист како за пасошите на криминалците?

Advertisement

Според официјалното известување од МНР МКарта може да добијат истакнати личности од дијаспората кои дале придонес кон подобрување на односите помеѓу Македонија и државата каде тие престојуваат. И притоа е објавена листа во медиумите од сите лица на кои им е доделена МКарта, но власта не кажува кој ги избрал тиe лица и што тие направиле.

Власта не кажува зошто тие, а не други лица добиле МКарта. Кој е критериумот по кој се бодувани или воопшто не се бодувани, туку истите се избрани по волја и критериуми познати само за Османи?

Кога се даваат привилегии од државно значење, јавноста мора да знае кои се критериумите по кои се даваат, кој одлучува кому да му бидат дадени истите привилегии, и дали лицата сами се пријавиле или некој ги избрал и кој?

Без јасни критериуми и правила се носиме во ситуација доделувањето МКарти да се претвори во фијаско како со штанцањето пасоши на криминалци.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.