Вчеравечер (15 август) околу 21 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавено е дека на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Тетово, автомобил „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки што го управувал М.П.(49) од тетовска Голема Речица, удрило во 23-годишната Т.Р. од тетовско Сараќино.
Во несреќата Т.Р. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била пренесена за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршиле Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Булеварот „Видое Смилевски-Бато“ е една од ретките тетовски улици на кои може да се развие поголема брзина, а тој е и меѓу најнебезбедните – во изминатите години повеќе пешаци беа прегазени на овој булевар, а неколкумина загинаа.