Во Битола се одржа стручен семинар за џудо тренери и судии за лиценцирање

news
Advertisement

Денес во Битола се одржа стручен семинар за џудо тренери и судии за лиценцирање за 2023 година. Семинарот беше во организација на Џудо федерацијата на Македонија и техничка организација на Џудо клуб Пелистер од Битола.

Advertisement

На овој семинар присуството зедоа претставници на 15 клубови членки на ЏФСМ со околу 50 спортски работници (тренери и судии).

Свои теми излагања имаа д-р Јован Велески – психолог член на здравствена комисија, д-р Сашо Бојаџиев – специјалист по хирургија претседател на здравствена комисија, м-р Миодраг Стојановиќ – специјалист по нутриционизам и исхрана, генерален секретар на ЏФСМ и Томе Јосифоски – претседател на судиска комисија при ЏФСМ.

По завршувањето на семинарот сите присутни се здобија со сертификати за учество кои беа доделени од страна на претседателот на ЏФСМ, Владимир Трпаноски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.