Во Косово изгоре службен автомобил со Македонски регистерски таблички

news
Advertisement

Изгоре службен автомобил со регистерски таблички на Република Северна Македонија,пишува косовски Инсајдери, пренесува monitor.mk.
Случајот се случил во Коморане, во близина на Приштинскиот аеродром, нешто по 17:30 часот.

Advertisement

Според истиот извор граѓаните откако го виделе пожарот му помогнале на возачот на автомобилот.

Во меѓувреме, случајот го потврди и портпаролот на полицијата Бајрам Красниќи, кој потврди дека несреќата завршила без повредени.

„Полицијата во 18:40 часот била известена дека на магистралниот пат Приштина-Пеќ (село Коморан), автомобил бил зафатен од пожар. Автомобилот е со регистерски таблички на Република Северна Македонија. Пожарот бил ставен под контрола од возачот и сопатниците од автомобилот. Од овој инцидент нема пријавени повредени лица“, тврди Красниќи.п

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.