Во ординациите се примаат само итните пациенти со висока температура и други состојби – матичните лекари на тридневен протест

news
Advertisement

Матичните лекари од денес не издаваат упати и не пишуваат рецепти на пациентите. Вака ќе биде до среда 7 септември, а причина за протестот наведуваат дека е тоа што не им се исполнети нивните барања. Незадоволните лекари уште на почетокот на годината истакнаа низа на барања, а главно е зголемување на капитациониот бод. Претходно, министерот за здравство Беким Сали изјави дека не го поддржува најавениот штрајк, а се противи и дел од фелата.
Ординациите на матичните лекари денес се празни. Ако дневно по 30 или 40 пациенти доаѓаат само до пладне, денес кај доктор Љубомир Стефановски примени се само тројца пациенти – сите со висока температура. Итните случаи не се враќаат и се изземени од штрајкот на докторите. Но, тридневниот бојкот на работата е јасен сигнал за здравствените власти да се разбудат и да ги слушнат барањата на овој дел од здравството. Барањата се бројни, но неколку се клучни.

Advertisement

Претходно Беким Сали, министерот за здравство изјави дека не го поддржува најавениот штрајк и ги повика за решение на маса, а не преку грбот на пациентите. Протестот го организира Здружението на приватни лекари, но дел и од фелата има свои ставови и различни гледишта околу тоа што треба во фокус на барањата и како да се делува. Од Здружението на лекари по општа и семејна медицина не застануваат рамо до рамо со колегите и не им го поддржуваат протестот.

Барањата на матичните лекари подолго време стојат на стенд-бај и здравствените власти не успеваат да изнајдат заедничко решение со нив. Од почетокот на годината досега ординациите беа затворени за пациенти и исто вака се протестираше, но досега само еднодневно беше искажувањето на револтот од страна на докторите, за разлика од последниов протест кој ќе трае до среда.

Петар Догов

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.