Во Украина и покрај примирјето се огласија сирените за воздушен напад

news
Advertisement

И покрај привременото примирје во повеќе украински градови, вклучително и Киев се огласија сирените за воздушен напад.

Advertisement

Украинците на социјалните мрежи објавија дека се слушаат сирените предупредувајчи на воздушен напад, само неколку часа откако Русија повика на 36-часовен прекин на огнот.

Според странските медиуми јавија и дека се слуша артилериски оган и на украинската и на руската страна на фронтот во Бахмут, источна Украина.

Претседателот на Русија, Владимир Путин вчера нареди 36-часовен прекин на огнот поради Бадник и Божик, што почна денеска на пладне и ќе трае до утре на полноќ.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.