Временска прогноза: Денеска и утре сончево и топло време преку ден, од четврток ќе залади

news
Advertisement

Во четврток се очекува засилен северен ветер што ќе предизвика во следните денови опаѓање на температурите.

Advertisement

Сончево и релативно топло време нè очекува денеска со минимална температура ов-3 до 7 степени, а максимална од 18 до 24 степени, најавува УХМР.

Слично ќе биде и во Скопје каде утринската температура ќе се спушти до 2, а максималната температура во текот на денот ќе достигне до 20 степени.

Од УХМР најавуваат дека и утре утрото ќе биде студено, наместа температурата ќе се спушта под нулата, а во одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот, пак, и утре ќе биде сончево и релативно топло.

Во четврток се очекува да дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието што ќе предизвика во следните два дена опаѓање на температурата за неколку степени.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.