Вучиќ ќе се сретни со Курти на 18 август во Брисел

news
Advertisement

Следниот круг од дијалогот меѓу Србија и Косово на највисоко политичко ниво ќе се одржи на 18 август во Брисел, потврди Петер Стано, портпарол на Европската Унија, пренесе Бета.

Advertisement

Можам да потврдам дека откако високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел ги покани двете страни во Брисел, а српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти ја прифатија неговата покана и ќе дојдат во Брисел на 18 август, потврди Стано во писмената реакција доставена до медиумите.

Српскиот претседател и косовскиот премиер ќе бидат примени од шефот на европската дипломатија Борел, како и од специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, со цел заеднички да разговараат за „натамошниот дијалог меѓу Приштина и Белград“.

Тоа ќе биде прва средба меѓу Курти и Вучиќ во рамки на дијалогот за нормализација на односите по повеќе од една година. Тие последен пат се состанаа во Брисел во јули 2021 година./republika.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.