Гаши не очекува дека СДСМ без согласност од Алтернатива би ја поканил Алијанса во Владата

news
Advertisement

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, не очекува дека СДСМ и останатите коалициски партнери во Владата би ја поканиле Алијанса за Албанците (АА) да влезе во владата без да добијат согласност и од неговата партија. Во коментар за евентуално сценарио во кое СДСМ би се договорил АА да влезе во Владата и со тоа да ја „откачи“ Алтернатива бидејќи повеќе нема да ѝ бидат потребни нејзините пратеници за да има мнозинство во парламентот, Гаши вели дека тој и неговата партија не се оптоваруваат со тоа кој влегува и излегува односно дали се дел од мнозинството и опозицијата. Сепак, како што рече, досегашниот однос кон Алтернатива бил коректен и не верува дека останатите коалициски партнери би договориле влез на АА во владата без согласност од неговата партија.

Advertisement

„Алтернатива како политичка партија и јас сме целосно растоварени од тоа дали сме дел од мнозинството или опозицијата. Ние сме во политиката за имплементирање на некои наши вредности, за промовирање на политички концепт и некои вредности во кои веруваме и ние тие вредности и тие принципи ги промовираме каде и да сме. Било тоа да е во парламентот – било како власт или опозиција, или било тоа да е надвор од парламентот. Целосно сме растеретени од тоа кој влегува и кој излегува, но додека сме таму, додека сме рамноправни партнери, ќе бараме рамноправност во таа влада. Доколку некој се труди на ваков начин да се однесува со нас, нека се обиде. Мислам дека нема да им излезе на добро. Но, јас мислам дека досегашниот пристап кон нас беше коректен од останатите партнери и мислам дека не би влегле во такви математики без да ја добијат нашата согласност“ рече Гаши во вечерашното гостување на Алсат ТВ.

На констатацијата дека СДСМ ѝ испраќа сигнали на АА за влез во владата, тој рече дека се случува спротивното односно дека првиот сигнал е даден од Алијанса која изразни подготвеност и чека понуда. За Алтернатива, вели Гаши, ова е интересно затоа што кога тие реши да влезе во владата биле критикувани дека се предавници и дека ја спасуваат ДУИ, а денес Алијанса сфатила дека не е така. Затоа, рече тој, очекува извинување.

„Оваа партија сфатила дека ние сме биле во право. Значи бидејќи тие сакаат да бидат дел од оваа Влада сфатиле дека ние сме биле во право. Јас очекувам да ни се извинат сите тие што не напаѓаа поради одлуката што ја донесовме, но пред сè сум многу задоволен што се докажа дека за одлуката што ја донесе Алтернатива била круцијална за спасот на таа влада и за добивање датум за преговори и за отворање на процесот на интеграции во ЕУ за земјата, кој беше блокиран со децении“рече Гаши.

За тоа кој би го избрал како следен коалициски партнер за наредните избори, претседателот на Алтернатива рече дека тие немаа пријателска и непријателска партија туку своите партнери ќе ги бираат врз основа на принципите што си ги поставиле и врз основа на тоа какви заеднички вредности ги споделуваат со евентуалниот партнер.

„Еден од главните принципи е пример интеграцијата на земјата во ЕУ. Со партиите кои се за овој принцип можеме да соработуваме, а со партиите кои имаат други принципи, се противат и се во судир со нашите принципи ние не би соработувале. И ова не се однесува само во врска со изборите, туку и со идните коалицирања за создавање мнозинство. Генерално Алтернатива сака да го промени пристапот, не да зборува за лични именки на партиите туку за принципите. Затоа денес сме заедно со СДСМ и ДУИ. Не затоа што нив ги преферираме во однос на останатите, туку затоа што евроинтеграцијата нè поврзала и овој голем чекор што сме го направиле заедно мислам дека треба да се вреднува“ рече Гаши.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.