Грип, ковид, аденовируси и разни вирози ги празнат училиштата и работните места

news
Advertisement

Од земени примероци од болни лица, во лабораториски услови е потврдено дека еден број од нив се позитивни на ковид-19, други на вирусот на грипот, трети пак се позитивни на аденовируси, а останатите на респираторен синцицијален вирус РСВ. Со други зборови, во променливиот декември услови за ширење си најдоа разни вируси, некои од нив подзаборавени во годиниве на пандемијата. За една недела се регистрирани 58 случаи на грип и 195 на ковид-19. Во болница лежат 17 ковид – пациенти, од кои 10 се на кислородна поддршка, а еден е на респиратор, Се чини дека покрај на ковид-19, дојде време да се пазиме и на други видови вируси, како и на грипот. Во двете зими кои се зад нас, доминираше ковид-19, грипот речиси го немаше, како и другите „настинки“ предизвикани од разни вируси. Како ковид-19 да си го имаше расчистено просторот.

Advertisement

И сега, кога на неделно ниво се потврдуваат помалку од 200 случаи на ковид-19, одеднаш амбулантите се преполни со пациенти кои се жалат на температура, кашлица, кивање, течење на носот, болки во градите, болки во мускулите…

Последната неделна анализа на Институтот за јавно здравје покажува дека имало 58 случаи на пријави на грип. Заболените лица се регистрирани во Тетово – 28, Гостивар – 13, Кавадарци, Прилеп, Македонски Брод и Струмица – по 4 и Куманово – 1.

Од издвоен материјал земен од болни лица, од кои еден број е тестиран и за ковид, во последната недела лабораториски е потврден грипот во два случаи и тоа се работи за грип – инфлуенца А(Х3Н2) односно A(H3N2).

Од 11 примероци кои биле тестирани за респираторен синцицијален вирус, 6 биле позитивни.

Кај два примероци е откриен аденовирус.

За сите овие респираторни заболувања лекарите препорачуваат витамини, минерали, чаеви, овошје, правилна исхарана, лекови за спуштање на температурата кога е висока, а антибиотиците се избегнуваат доколку лекарот не утврди опасност од бактериска инфекција.

Превенцијата е иста како и за ковид – одржување на растојание меѓу луѓето, недопирање на предмети кои можеби биле во допир со болно лице, миење на раце со вода и сапун во траење од најмалку 20 секунди, носење со себе на дезинфекционо средство за рацете. Секако и маската штити од разните вируси исто како и за короната и е препорачливо да се носи на места каде не може да се одржува растојание меѓу луѓето.

За потестување е дека во јавниот превоз маските останаа задолжителни, но за жал многу ретко граѓаните ги носат. .

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.