Груевски: Ви благорадам за довербата – нека Св. Никола чудотворец ни помогне на сите Македонци

news
Advertisement

Поранешниот премиер Никола Груевски преку социјалната мрежа се заблагодари за сите честитки кои ги примил за именденот, но и за поддршката и довербата која ја добил.

Advertisement

-Нека Св.Никола чудотворец ни помогне на сите Македонци и на сите во Македонија и нека не заштити од неприликите и злонамерните. Нека секогаш во животот ве следи среќа, напиша Груевски на Фејсбук.

Инаку, денешната анкета која ја објави ИРИ покажува дека тој е политичарот кој ужива највисок рејтинг кај политичарите.

Довербата за него е 7%, ама пораснала дупло, споредено со минатогодишните 3%. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски има доверба од 6%, на исто рамниште со Ахмети, а потоа следи Ковачевски со 5 проценти.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.