Дамева: Судскиот совет има механизми да се бори против коруптивните дејствија

news
Advertisement

Судскиот совет има механизми да се бори против коруптивните дејствија, доколку ги констатира, но за тоа треба да има докази и факти, вели претседателката на Советот, Весна Дамева, посочувајќи дека тоа мора да им го овозможат граѓаните.

Advertisement

– Странките се тие коишто можат да ни кажат дали одреден судија примал и земал мито, поткуп итн. Тоа досега, барем јас додека сум член на Судскиот совет, не било поткрепено со докази. Најчесто се тие паушални наоди и во случаи кога се паушални, Судскиот совет доставил известување до ЈО за да ги испита и провери таквите наводи, изјави Дамева.

Судскиот совет има донесено одлука за разрешување на судија поради коруптивно дејание, меѓутоа како што посочи Дамева, тоа е од поодамна и нагласи дека во наредниот период ќе преземе поригорозни мерки во насока на расчистувања на таквите дејствија и онаму каде што има законска надлежност ќе постапува, а во останатиот дел ќе ги процесира случаите до надлежните институции.

– Еден од коруптивните дејствија на постапување на судија, според наше мислење, е и кога постапувал во постапки во коишто требал да биде изземен, а не бил изземен и ние во тој дел ако се мисли оној предмет што претходно го кажав за поткуп, тој е еден. Кога судиите не се изземале постојат повеќе постапки, дел се правосилно завршени, дел не се правосилно завршени и не можам да зборувам за тие, меѓутоа верувајте дека се преземаат дејствија, но колку се видливи тоа сепак зависи од начинот на интерпретација, изјави Дамева.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.