Да помогнеме на овој човек кој ја изгубил меморијата? Можеби е македонец, босанец или црногорец?

news
Advertisement

Тој проси низ улиците на Тирана, никој не знае од каде е, а затворениците го викале Саше. Познатиот албански новинар Бледи Мане ја објави неговата историја, пишува монитор.мк. Според него тој бил во затвор во Албанија во 2006. Од психичкиот притисок, и од физичкото малтретирање од страна на некои затвореници, тој ја изгубил меморијата. Според новинарот Мане, после излегување од Затвор, Саша станал бездомник и животот го продолжил низ улиците на Тирана каде е и ден денес. Мане повика на фејсбук да се сподели фотографијата на Саша, за да може некој да го препознае и да го извести неговото семејство.
“Првиот пат го сретнав кога ме пикнаа вториот пат во затвор. Бевме во секторот 4 на третиот кат во затворот 313 во Тирана. Се сеќавам дека беше летото 2002 година.
Овој човек што го гледате на фотографијата бил нормален како и сите други, но насилството и понижувањето на животните што му го нанеле затворениците го отуѓило. Тој не е Албанец, но може да биде или Босанец или Црногорец. Кога ќе налетам на улиците на Тирана, гo викам со името Саша. Тој е напуштен околу 15 години и ги проодува улиците и кантите за ѓубре во Тирана. 15 години неизмиен, ненахранет, заборавен. Ја повикувам Генералната управа на затворите да направи официјална проверка на досието на овој напуштен човек, а потоа Општината, полицијата и Министерството за надворешни работи да воспостават контакт со семејството во неговата земја. Сите да му помогнеме да се врати во својата земја, кај неговото семејство кое ќе биде шокирано и среќно кога ќе види дека несреќникот е жив” напиша Мане. Monitor.mk

Advertisement
Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.