Двојникот на Меси не знаел за Лео, продавал свеќи на улица, а сега заработува милиони

news
Advertisement

Тој доаѓа од Росарио, исто како Лионел Меси.

Advertisement

До 2005 година тој не знаел зошто луѓето го гледаат со чудно внимание. Кога му рекле дека личи на Лионел Меси, тој не знаел за кого зборуваат. На интернет проверил и заклучил – личиме.

Хуан Томас Мартин има необична животна приказна. Денеска има 42 години, а по триумфот на Аргентина на Светското првенство во Катар, неговата популарност вртоглаво порасна. Сега е доволно познат за да добива понуди за работа, рекламни договори, покани (со платена храна и сместување) да патува во разни делови на светот за да промовира нешто, а за тоа добива големи пари.

„Отидов во супермаркет и продавачот на зеленило ми рече дека многу личам на Меси, но не ни знаев кој е тој. И ми го повторуваше тоа секогаш кога се гледавме. Тогаш продавав парфеми на улица. Не бев навивач, а не ни сакав фудбал. Вторпат ми кажа и рече дека се работи за некој што игра во Шпанија“.

Мартин во тој период освен од парфеми правел и свеќи и темјан и од тоа живеел.

Малку по малку, она што изгледало како шега му станало главно и најпрофитабилно занимање. Главниот пресврт се случил во 2013 година, кога тој учествувал на натпревар во потрага по луѓе многу слични на Меси. Иако завршил втор, вратата за профитабилни работни места широко му се отвори. Гостувал во разни ТВ програми, па неговата популарност вртоглаво порасна. Почнал да рекламира врвни марки на автомобили, мобилни телефони, газирани пијалаци, чипс и бела техника.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.