Демократскиот сојуз: Да се прекине со активности за проширување на парламентарното мнозинство

news
Advertisement

Демократскиот сојуз смета дека идејата за зголемување на парламентарното мнозинство, дополнително ќе го засили незадоволството кај граѓаните, ќе се заострат меѓуетничките тензии и сериозно ќе се нарушат уставните принципи за соодветна и правична застапеност на етничките заедници во власта.

Advertisement

Инаку, и со сегашната композиција на Владата, прекршени се основните решенија од Охридскиот рамковен договор, како и нормите “Бадентер” и “Балансер”, произлезени од истиот, велат од партијата.

„Доколку сакаме функционални институции, приоритетни услови за раководни функции во власта, мора да бидат стручноста, професионалноста, личниот интегритет и отпорноста од партиски и криминални влијанија. Партизацијата и етничкиот клуч, ги блокираа и ги криминализираа институциите“, велат од партијата на Павле Трајанов.

Ставот на Демократскиот сојуз е наместо сегашните преговори за приклучување на Алијанса во власта, СДСМ, а особено ДУИ, итно да ги консолидираат внатрепартиските состојби за да се продолжи со реформите, посебно во правосудниот систем и да се отпочне со силна и неселективна борба против корупцијата.

Демократскиот сојуз порачува дека во скрининг процесот треба да се вклучат сите креативни потенцијали, а Парламентот континуирано да биде информиран.

„Наместо граѓаните и партиите да се делат на поддржувачи и противници на ЕУ и да се најавуваат некакви нови сојузи, да се подвиткаат ракавите и да се работи на конкретни проекти, а не на сеење магла и продавање демагогија. Незадоволството, загриженоста и разочараноста од вкупните состојби во државата секојдневно се зголемуваат, поради што неопходни се промени, но и јакнење на одговорноста. Граѓаните очекуваат единство и сплотеност, како и заштита на стратешките и националните интереси“, велат од Демократскиот сојуз.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.