Доаѓа невреме во Македонија со дожд, грмежи и засилен ветер

news
Advertisement

За време на викендот ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Advertisement

Во почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи, локално со поинтензивни процеси во форма на невреме.

Во Скопската котлина за време на викендот во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Во почетокот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме.

Препорака: Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.