Државниот обвинител завршил во болница, пропадна изборот на виши јавни обвинители

news
Advertisement

Минатиот понеделник побараа време да ги проверат биографиите, а денеска немаа кворум. Членовите на Советот на јавни обвинители не избраа шеф за Вишото обвинителство во Скопје. На седницата не дојде државниот обвинител, Љубомир Јовески, па изборот е одложен на неодредено време.

Advertisement

„Ми кажа дека е задржан на болничко лекување од петокот. Јас и во петокот го барав да се договориме за седницата за да дојде, да го потврди присуството, меѓутоа не ми се јавуваше, еве, било она што се случило, дека го задржале во болница уште во петокот. Поради тоа и заради немањето кворум од 2/3 не можевме да преминеме кон избор, туку моравме да поставиме вршители на должност, зашто не знаеме до кога ќе се задржи Јавниот обвинител“, изјави Антонио Јолевски, Претседател на Совет на Јавни обвинители.

Во меѓувреме, трката за раководна позиција на скопското вишо обвинителство, ја напушти Фатиме Фетаи, која без образложение ја повлече кандидатурата. Во Советот тврдат дека не знаат зошто се одлучила на таков чекор. Дали можеби политиката замешала прсти како што Американската амбасада изрази сомнеж за изборот на обвинителот Абази, од советот не сакаа да ги коментираат таквите ставови, ама се амнестираше од сопствена одговорност.

„Не ги коментирам изјавите на дипломатските претставништва. Тоа се нивни изјави и сметам дека тие треба да се упатени кон политиката, а не кон судството, бидејќи, така и како што прочитавте, спомнуваат дека политичките влијанија треба, значи треба тоа прашање да се упати кон некој друг кој ги носи и предлага законите. Ние ги спроведуваме законите и спроведуваме како што е пропишано“, вели Јолевски.

Политичарите пак проблемот го гледаат кај луѓето од правосудниот систем. Во владата се согласуваат со ставот на Американската амбасада дека изборот на Абази е загрижувачки, но велат дека тие немале никаков удел при изборот.

„Како бил направен изборот, тоа можат да ви го кажат обвинителите. Дали е според сите стандарди и според сите принципи на добро владеење, тоа исто можат да ви го кажат самите обвинители или пак оние институции, вклучително и меѓународни институции кои учествувале во спроведувањето на реформите во обвинтелскиот систем во државата. Сметам дека на тој систем му се потребни уште реформи и унапредувања“, изјави Димитар Ковачевски, Премиер.

Случувањата околу изборот на обвинители, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ е трагична. Велат, се работело за партиски пазар.

„Немањето кворум на денешната седница на Советот на јавни обвинители е уште еден показател дека во позадина се водат сериозни пазарџиски игри за назначување на обвинители во вишото и основното јавно обвинителство, каде што власта се обидува да назначи по партиски клуч свои поданици кои наместо правда, ќе спроведуваат нарачки од власта“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Советот денеска не распиша ниту оглас за избор на обвинители за одделението со кое раководи Абази. Ќе бара мислење од државниот и обвинителот Абази дали му се потребни уште четворица обвинители на одделението за гонење организиран криминал. Во меѓувреме, Јовески веќе упатил двајца обвинители да работат во тоа обвинителство.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.