Женското трио „Фрајле“ со голем концерт во Хераклеа, Битола

news
Advertisement

Концертната сезона во Битола годинава започна со концертите на „Црвена јабука“ и „Рибља чорба“ за кои се бараа влезници плус, а деновиве крајот на сезоната во Битола ќе го означи концертот на женското трио од Нови Сад „Фрајле“.

Advertisement

Концертот е закажан на 6-ти септември, вторник, во Хераклеа, Битолa, a „Фрајле“ ќе се претстават со музика полна со добри вибрации за сите генерации.

„Со цел на што поразлична и поширока публика да ѝ пружиме музички задоволства оваа сезона, се одлучивме да ги донесеме навистина квалитетните, интересните и секогаш возбудливите „Фрајле“. Сите оние кои барем еднаш изгледале нивни настап, знаат добро каква енергија и какво музичко доживување ги очекува“, велат организаторите.
Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 6-ти изненадат со некоја нова преработка на песна.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.