Жешко издание на милионерката обвинета за убиство – Ги покажала голите гради на плажа

news
Advertisement

Снаата на британскиот милијардер лорд Мајкл Ешкрофт е обвинета дека случајно убила полицаец од Белизе, а сега се подготвува за судење.

Advertisement

Канадската припадничка на високото друштво Јасмин Хартин е видена на плажа во Белизе како одмара во црно бикини. Го искористила моментот за топлес релаксирање додека лежела на вода.

Снаата на британскиот милијардер лорд Мајкл Ешкрофт е обвинета дека случајно убила полицаец од Белизе, а изјавила дека одмаздољубивите полицајци го планирале нејзиното убиство и планирале нејзината смрт да ја прикажат како неуспешен обид за бегство од затвор.

Наводниот инцидент се случил кога Хартин завршила во притвор на 19-ти мај поради наводно организирање на убиството на полицаецот Честер Вилијамс и еден судија.

Неодамна ја ослободил Вилијамс, кој признал дека никогаш не постоела никаква реална закана ни за него, ни за Дале Каетано, кој ја надгледувал нејзината битка околу старателството над децата со поранешниот партнер Ендру Ешкрофт, син на британскиот лорд Ешкрофт.
„Дојдоа до мене и рекоа, слободна си. Сакав да излезам од предната врата, а тие ми рекоа – “Не, не, не, излези од задната врата”“, рекла Хартин, инаку мајка на две деца.

„Точно знаев што значи тоа. Полицијата во Белизе има лоша репутација и тоа е трик со кој се служи. Обично те убиваат или повторно те апсат и те обвинуваат за обид за бегство. Им кажав дека нема шанси. Знам точно што планирате, ќе ми пукате во грб. Почнаа да се смеат и ми кажаа дека сум паметна. Не ми даваа ни храна ни вода и ме тераа да ги чистам тоалетите со голи раце, беше одвратно“, вели таа.
Сега се подготвува за судење поради смртта на Хенрди Џемоте, инаку татко на пет деца, кој мистериозно е застрелан во глава со сопствениот службен пиштол. Хартин тврди дека испукала случајно бидејќи Џемот и покажувал дека повторно го полни додека пиеле и се забавувале во близина на отмениот хотел Алаиа, кој Јасмин го управувала заедно со Ешкрофт се до пукањето.

Случајот значел и крај за нивната врска откако Екрофт, наводно, и забранил пристап о нивниот стан и го ограничил гледање на нивните петгодишни близнаци, Чарли и Ел.
Семејството на починатиот полицаец порачало дека Ешкрофт ќе одговара пред Бог, а неговата сестра порачала дека се моли за правда.

„Таа сака сите да ја сожалуваат откако му го одзема животот на мојот брат и остави пет деца без нивниот татко. Веруваме во Бог и сите ќе одговараме пред него“, порачала сестрата, пишува “The Sun”.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.