Загина 30-годишен велешанец на автопатот Скопје – Велес

news
Advertisement

Загина 30-годишен велешанец, а девојка и малолетничка завршија во болница откако со автомобил излетале на автопатот Скопје – Велес.

Advertisement

– На 10.05.2023 околу 00.40 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес патничко возило „опел корса“ со велешки регистарски ознаки, управувано од С.Н.(30) од Велес, излетало од коловозот. Во несреќата, од здобиените повреди С.Н. починал на местото на настанот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Со тешки телесни повреди се здобила Б.П.(19) и 16-годишна малолетничка, двете од Велес, констатирани во болницата во Велес, информира МВР.

Увид на местото извршиле екипа на СВР Велес и Јавен обвинител по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.