За една недела пријавени вкупно 347 случаи на грип, вели извештајот на ИЈЗ

news
Advertisement

Во текот на последната недела од 2022 година, во земјава се пријавени вкупно 347 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 96 отсто повеќе во споредба со неделата пред неа, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во неделниот извештај за состојбата со грип во периодот од 26 декември до 1 јануари.

Advertisement

Во моментов на Инфективната клиника во најголем број случаи се хоспитализираат повозрасни лица, лица со хронични болести кои се третираат со соодветна терапија. Што се однесува до ковид позитивните случаи на Инфективната клиника, хоспитализирани се десет пациенти, дел од нив се на кислородна поддршка.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.