За прв пат дојави за бомби и во Битола

news
Advertisement

И основни и средни училишта во Битола денес добија дојави за поставени бомби.

Advertisement

За прв пат во Битола има дојави за бомби во пет училишта, кои веќе се евакуирани, откажана и попладневната смена и се чекаат антитерорисички екики од Скопје да проверат просториите во училиштата.

-Дoсега во СВР Скопје и СВР Битола било пријавено дека на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и во Фудбалската федерација на Македонија, хотел „Александар Палас“, хотел “Мериот“, трговски центар “Ист гејт“, спортска сала “Борис Трајковски“ и Меѓународен Аеродром Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.