Земјата- домаќин на Евросонг има проблем: Немаме ниту една слободна сала

news
Advertisement

Сепак, Би-Би-Си пишува дека ниту една голема арена во Велика Британија моментално нема доволно слободни места за домаќин на Евровизија следната година.

Advertisement

Имено, продуцентите мора да ја имаат на располагање салата шест до осум недели пред почетокот на натпреварот. Споменатиот медиум пишува дека термините на некои турнеи ќе мора да се одложат или откажат за да се направи простор за Евровизија во мај. Меџик Мајк, Андре Риу и Елтон Џон се само дел од уметниците кои имаат резервирани концерти во овој период на местата кои се натпреваруваат да бидат домаќини на натпреварот. Сепак, ниту една арена сè уште не побарала од нив да ги поместат датумите на нивната турнеја.

„Поставувањето трае околу три недели, потоа три или четири недели проби, а една од тие недели е изведбата“, рече Клаудио Сантучи, шеф на овогодинешното натпреварување што се одржа во Торино. Во петок треба да се знае кој од градовите е во потесниот избор за домаќини на Евровизија 2023. Наводно, за резервираните продукции ќе се разговара само кога ќе се избере градот.

Потсетуваме, Велика Британија ја прифати поканата да биде домаќин на настанот во 2023 година, откако организаторите од безбедносни причини одлучија Евровизија да не може да се одржи во Украина, иако победи украинскиот Оркестар Калуш.

Во соопштението за печатот што ЕБУ го објави кон средината на јуни, беше наведено дека поради војната во Украина, во соработка со експерти, извршиле целосна проценка на изводливоста и безбедноста на организирањето на натпреварот во таа земја и заклучиле дека , „со оглед на сегашните околности, безбедносните и оперативните гаранции што ѝ се потребни на телевизиската куќа за домаќинство, организација и продукција на Евросонг според правилата, украинската телевизија во моментов не е во можност да го организира настанот“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.