Изел 300 јајца за 10 дена, па ги објавил резултатите од крвната слика

news
Advertisement

Јутјуберот Вил Тенисон, изел дури 28 јајца во еден ден.

Advertisement

На Јутјуб го следат 154 илјади луѓе, па решил со нив да ги сподели наодите од комплетната крвна слика пред и по предизвикот, при што изел 300 јајца за 10 дена.

„Она што е важно да знаете е дека јас вообичаено јадам пет до осум јајца секој ден“, рече тој, покажувајќи ги резултатите од тестот на крвта што покажа дека неговиот LDL или лошиот холестерол е на долната граница.

Вејновиќ детално објасни како се чувствува од ден на ден, дали конзумирањето на 30 јајца дневно е лошо за неговиот стомак, како ги подготвувал јајцата и како е да се тренира под таков товар. По 10 дена ги повторил анализите на крвта, а резултатите биле изненадувачки.

Неговите леукоцити паднале од 7,1 на 6,1, еритроцитите паднале од 5,56 на 4,46, а хемоглобинот од 165 на 128. Вкупниот холестерол пораснал од 2,91 на 3,44. Нивото на триглицериди се зголемило од 0,85 на 1,01, а ЛДЛ холестеролот од 0,22 на 0,80.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.