Илинден е нашата сила за иднината

news
Advertisement

Во пресрет на големиот национален празник 2-ри Август – Илинден, граѓаните на Република Северна Македонија можат да бидат горди на досега постигнатите успеси.

Advertisement

Денес, Северна Македонија е стабилна, сигурна држава, партнер на државите од регионот и Европа. Со членството во НАТО трајно ги обезбедивме мирот и стабилноста, територијалниот интегритет и неповредливоста на границите. По 17 во чекалната, започнавме преговори за членство во ЕУ како Македонци со заштитен македонски јазик и идентитет. Стануваме дел од големото европско демократско семејство каде нашата држава вредносно и цивилизациски припаѓа. Тоа е реализација на историските заложби на Илинденците, борците од НОБ и членовите на АСНОМ за независна, суверена демократска држава признаена од целиот свет. Илинден е нашата сила за иднината, а нашата иднина е европска.
Опсервер.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.