Каква зима не чека: Првиот снег во Скопје може брзо да дојде

news
Advertisement

Ако може да им се верува на долгорочните прогнози тогаш оваа година нема да имаме некој поголем проблем со зимата. Предвидувањата отсега покажуваат дека барем до крајот на оваа година нема да имаме некои температури кои ќе бидат длабоко под нулата. Ќе има негативни температури главно во утринските и вечерните часови но во текот на денот мраз не се најавува.

Advertisement

Октомври
Октомври според предвидувањата ќе биде исполнет со температури кои наутро ќе се спуштаат околу нула но затоа во текот на денот редовно ќе достигнуваат 20 степени. Практично времето ќе биде речи си исто какво што е во моментов.
Врнежи барем според тоа како сега стои ситуацијата не се очекуваат. Втората половина од месецот ќе имаме пониски температури но падот ќе биде за два до три степени од тоа што го имаме во моментов.

Ноември

Ноември се очекува да донесе повеќе облаци и повеќе врнежи кои во втората половина од месецот можеби ќе се префрлат и во снежни врнежи во котлините.
На почетокот на месецот се најавува облачно и врнежливо време и спуштање на температурите. Првата половина од ноември ќе имаме утрински температури околу 0 степени и максимални дневни температури кои ќе се движат околу 10 степени.
По врнежите на стартот од месецот, се очекува постабилно време се до крајот на првата половина.
Некаде во третата недела од ноември се очекува наоблачување кои ќе донесе прво врнежи од дожд а потоа и услови за снег. Температурите наутро ќе бидат неколку степени под нулата а во текот на денот едноцифрени.

Декември
Декември ќе почне исто онака како што почна и ноември. Ќе имаме врнежливо време со температури кои наутро нема да бидат под нула поради облачноста но во текот на денот ретко ќе поминуваат 10 степени. Слична ќе биде и втората недела од декември со тоа што ќе имаме и спуштање на температурите кои во одредени денови нема да се искачат над 5 степени. Втората половина од декември ќе донесе повеќе врнежи и услови аз снежни врнежи во котлините кои можеби и ќе се задржат на земјата. Десетина дена пред Нова Година се очекува цела недела да имаме врнежи кои ќе почнат како врнежи од дожд за потоа да продолжат во снежни врнежи. Во овој период ќе имаме утрински температури кои ќе се спуштаат и до минус 10 а дневни кои ќе се движат околу нулата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.