КИНЕСКА ЛИТЕРАТУРА ЗА ДЕЦА ПРОМОВИРАНА ВО ОУ „НИКОЛА КАРЕВ“ ВО КОЧАНИ

news
Advertisement

По повод Денот на гласното читање книги, денеска ОУ „Никола Карев“ од Кочани беше организатор и домаќин на општинска промоција на кинеска литература за деца.

Advertisement

Настанот се реализираше во соработка со издавачката куќа „Македоника литера“ од Скопје, која подолг период се занимава со публикување книжевни дела од кинески автори.

-Во нашата земја има само стотина објавени книги од кинески автори, од што нашата издавачка куќа има издадено 60 наслови, а од нив половината се детска литература. Веќе издадовме серија со кинески народни приказни, а пред почетокот на оваа година почнавме со публикување на нова серија – најдобрата кинеска фантастична литература за деца. Токму овие две серии ги промовиравме пред најмладите во Кочани, а исто така претставивме и серија од 18 книги со најдоброто прозно творештво, односно бајки, басни, приказни, новели и романи од кинески автори, меѓу кои и седум книги од творештвото на најчитаниот жив писател во светот, Шен Шиси, истакна Нове Цветаноски, главен уредник на издавачката куќа „Македоника литера“.

Промоцијата на кинеската литератира за деца е дел од активностите во годишната програма за работа на библиотеката во ОУ „Никола Карев“. Покрај учениците од кочанското училиште, како и гости на настанот, присуствуваа и основците од подрачните училишта во Тркање и Грдовци.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.