Кинески ракети испукани кон Тајван

news
Advertisement

Најмалку 11 ракетни проектили биле испукани од Кина кон Тајван и паднале во водите во тајванскиот теснец.

Advertisement

Тајванските власти потврдија дека проектилите завршиле во морето и дека “не посакуваат војна, но се подготвени”.

Во меѓувреме поради воената вежба на кинеската армија придружена од воени летови, над 40 цивилни летови од Тајван се откажани.

Тајванската влада соопшти дека веб сајтовите на официјален Тајпеј како и компјутерски системи се под силен информатичко-хакерски напад за што преземаат одбранбени мерки.

Кина потврди дека се користени ракети во воената вежба. Станува збор за проектили од типот “Донгфенг” кои биле истрелани во правец на кинескиот остров Матсу кои се дел од територија на вежбата на кинеската армија.

Ракетирањето во неколку бранови траело два часа. На кинеските социјални мрежи е објавено видео најверојатно од плажите на Танан заливот во источна Кина./republika.mk/

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.