Ковачевски во ООН: Нема друга алтернатива за подобар живот од членство во ЕУ, граѓаните предолго чекаа

news
Advertisement

Нема друга алтерантива за подобар живот од членството во Европската Унија – Oд говорницата на генералното Собрание на Обединетите нации премеирот Ковачевски потенцираше дека Македонија предолго чека, но дека останува посветена на остварување на втората стратешка цел по полноправното членство во НАТО алијансата.

Advertisement

– Граѓаните предолго чекаа, целиот кредит оди кај нив, овој процес предолго трае но никој не рече дека ќе биде лесно, вели Ковачевски.

Ковачевски ја осуди руската агресија во Украина и оценив дека во контекст на новите околности, брзата интеграција на Македонија ќе биде и знак на охрабрување од ЕУ кон останатите држави.

-Членството на Северна Македонија во ЕУ е од суштинско значење и за самата Европска Унија, посебно во новите околности на глобален план, кога овој знак на охрабрување – дека процесот на проширување е актуелен го очекува целиот регион, којшто колку и да има прогресивни раководства не е имун на глобалните предизвици, вели Ковачевски.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.