Ковачевски не е загрижен што Трајанов го напушти мнозинството

news
Advertisement

И заменик министерот за локална самоуправа си поднесе оставка. Зоран Димитровски кој доаѓа од редовите на Демократски сојуз ја напушта функцијата откако неговата партија вчера реши да ја напушти владината колација.

Advertisement

Премиерот Ковачевски вели дека овој чекор не влијае на стабилното мнозинство. Неговиот реконструиран кабинет вели дека ќе добие поддршка од над 64 пратеници.

„Она што можам да кажам е дека ме редува што Демократскиот сојуз кажа дека останува на европскиот пат и на поддршката на таквите одлуки, што не можеше да се потврди досега во пракса освен декларативно, бидејќи видовме и вчера дека пратеникот на Демократскиот сојуз не го гласаше законот за Договорот со Фронтекс, за жал, меѓутоа сепак има можност во иднина своите декларации да ги покаже и во пракса“, рече Ковачевски.

И покрај влезот на Алијанса, лидерот на ВМРО-ДПМНе не губи надеж за предвремени избори. Мицкоски очекува брзо да заврши мандатот на овој собраниски состав кој нема да обезбеди мнозинство за уставни измени. Упати и директна порака до пратениците на СДСМ.

„Апелирам до пратениците на СДСМ и сите оние кои изминатиов период даваа знаци и позиции различни од раководството, свесен сум дека има голем број закани од полукриминални структури управувани од раководството, нека се одважат да не се плашат и нека застанат на патот на двајца тројца од раководството кои ја уништуваат иднината и на Македонија. Нивен интерес е Македонија да биде слаба и опљачкана, на колена, застанете до нас, подадете рака, немојте да дозволите тие криминалци во раководството на СДСМ кои имаат интерес само да ги поделат провизиите од тендерите да ве втурнат во пеколот кој и го подготвуваат на Македонија“, вели Мицкоски.

Мицкоски потврди дека изминатиот период имале комуникација со Павле Трајанов, но повеќе детали не откри. Демократски сојуз вчера одлучи да ја напушти коалицијата со СДСМ по цели 6 години, бидејќи не е реализиран ниту еден од нивните програмски приоритети. Демкратски сојуз беше дел и од Владата на Груевски се додека јавно не беа објавени прислушуваните разговори.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.