Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора положен во катедралата во Единбург

news
Advertisement

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора е положен во катедралата Сент Џајлс во Единбург.

Advertisement

Поворката која тргна од палатата Холирудхаус ја предводеше британскиот крал Чарлс Трети, а со него беа и неговата сестра Ана и браќата Ендрју и Едвард, како и сопругот на принцезата Ана, вицеадмиралот Сер Тим Лоренс.

Во автомобилот зад нив беа кралицата сопруга Камила, и Софи, грофицата од Весекс, сопругата на принцот Едвард.

Неколку илјади луѓе и оддадоа последна почит на својата кралица по патот од палатата до катедралата.

Откако беше положен во катедралата, врз ковчегот беше поставена и круната на Шкотска.

Историски гледано, круната се користела во церемонии за да го претстави присуството на суверенот.

Denesen.mk
Ако Џафери ја врати иницијативата за референдум, таа ќе биде корегирана и пак ќе биде поднесена
МИЦКОСКИ ЗА НАСТАНИТЕ ВО ГРАД СКОПЈЕ И АРСОВСКА: Понекогаш патиштата можат да одат во различни насоки
СВЕТ
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора положен во катедралата во Единбург
/ 12.09.2022

Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора положен во катедралата во Единбург
Ковчегот со телото на кралицата Елизабета Втора е положен во катедралата Сент Џајлс во Единбург.

Поворката која тргна од палатата Холирудхаус ја предводеше британскиот крал Чарлс Трети, а со него беа и неговата сестра Ана и браќата Ендрју и Едвард, како и сопругот на принцезата Ана, вицеадмиралот Сер Тим Лоренс.

Во автомобилот зад нив беа кралицата сопруга Камила, и Софи, грофицата од Весекс, сопругата на принцот Едвард.

Неколку илјади луѓе и оддадоа последна почит на својата кралица по патот од палатата до катедралата.

Откако беше положен во катедралата, врз ковчегот беше поставена и круната на Шкотска.

Историски гледано, круната се користела во церемонии за да го претстави присуството на суверенот.

Содржината продолжува после огласот

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!
Sponsored by MonadPlug
Круната ја постави Александар Даглас-Хамилтон, 16-тиот војвода од Хамилтон и ќе остане таму додека илјадници Шкоти ќе и оддаваат почит на починатата кралица.

Се очекува големи голем број луѓе да ја посетат катедралата, каде на ожалостените ќе им биде дозволено да поминат покрај ковчегот на кралицата до утре попладне.

На црковната служба за благодарност на кралицата во катедралата во Единбург присуствува и британската премиерка Лиз Трас, првата министерка на Шкотска Никола Старџен, како и претставници на советот, членови на вооружените сили, воени ветерани, судски и конзуларни функционери.

Има и претставници од различни шкотски добротворни организации на кои кралицата исто така беше покровител – како што се Chest Heart & Stroke Scotland, Royal National Mòd, Кралскиот шкотски национален оркестар и Шкотската фудбалска асоцијација.

Како што јави Би-Би-Си, меѓу присутните има луѓе од уметноста, спортот, службите за итни случаи и верски групи.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.