„Кога животот ќе ти даде втора шанса“: Преживеаа авионска несреќа и веднаш направија селфи

news
Advertisement

Откако противпожарно возило удрило во нивниот авион, еден пар решил веднаш да направи селфи.

Advertisement

Несреќата се случи минатиот петок на меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во Лима, Перу. Кога авионот почнал да полетува, во него удрило противпожарно возило при што на лице место загинале двајца пожарникари. Патниците и членовите на екипажот не се повредени.

„Кога животот ти дава втора шанса“

Човекот на фотографијата, професорот Енрике Варси-Роспиљози, ја сподели објавата на Твитер со натпис: „Кога животот ти дава втора шанса“, а фотографијата набрзо стана вирална на социјалните мрежи.

Луѓето почнаа да коментираат на фотографијата, а еден корисник на Фејсбук напиша: „Ова можеше да биде огромна трагедија. Секој што бил во авионот може да се смета за среќен“.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.