Коктел или спасување на ДУИ – што е планот на Рама со утрешната лидерска средба?

news
Advertisement

Албанските политички лидери утре патуваат во Тирана на нова средба со албанскиот Премиер Еди Рама. Новогодишен протоколарен коктел или уште една политичка средба во специфичен момент за Македонија е прашање на кое и албанските политички лидери немаат единствен став.

Advertisement

За ДУИ средбата е само формалност и покрај тоа што доаѓа во време кога огнената група значително ги разниша позициите на раководството предводено од Ахмети

Сите политички лидери го потврдија своето присуство. И лидерот на БЕСА ќе оди во Тирана но од партијата велат дека тој не сака да седи на иста маса со Ахмети.

Во БЕСА се сомневаат дека тиранскиот коктел доаѓа во време кога Ахмети ги брои последните денови на власт и цели кон тоа да се спаси неговата Влада преку обид да се натера Таравари да влезе во владината коалиција и на тој начин да спаси ДУИ од огнената група.

Таравари денеска за Сител само потврди дека ќе патува во Тирана. Не сакаше да ги коментира овие шпекулации иако од неговата партија потврдуваат дека преговорите за влез на Алијанса во Владата се во прекин.

Без пратениците на Алијанса, Ахмети останува загрозен од огнената група која викендов внатрепартиската битка ја дигна на повисоко нив почнувајќи серија средби со партиското членство. Меџити од Студеничани му порача на Ахмети да не го пали јорганот поради една болва на што Груби му одговори со видео од распеаниот Ахмети што за Меџити е бесрамна злоупотреба на имиџот на лидерот и уште една потврда дека ДУИ мора да се ослободи од неспособниот кадар.

Новата тиранска средба доаѓа во време кога Рама се подготвува за локалните избори, па очекувањата се дека албанскиот премиер ќе ја користи во предизборни цели претставувајќи се себе си како обединувачки фактор на Албанците во регионот.

Ова е втора средба на претседателите на македонските партии од албанскиот блок со Рама. Првата дојде две недели по изборите во 2016 во екот на формирањето на новото парламетарно мнозинство кое потоа го смени Уставот за промена на името а оваа во пресрет на промена на Уставот за внесување на Бугарите во него.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.