Кој народ е најбогат во Светот

news
Advertisement

Според неодамнешниот извештај за глобалното богатство објавен од „Кредит Свис“ за 2022 година, најбогати луѓе во светот се Австралијците. Британците и Американците се далеку зад нив.

Advertisement

Извештајот за богатството на населението опфаќа 5,3 милијарди луѓе во светот. Според тој извештај, Австралијците се милионери бидејќи нивното богатство се зголемило во текот на 2021 година.

Австралија има дури 2,2 милиона милионери, а еден отсто од најбогатите Австралијци поседуваат 21,8 отсто од богатството на земјата, покажуваат податоците од 2021 година.

Главната причина за зголемувањето на богатството на оваа земја се цените на недвижностите, кои пораснале за 23,7 отсто, зголемувајќи го просечното богатство на возрасниот Австралиец за 28.450 долари.

По Австралија, најбогати се жителите на Белгија, Нов Зеланд и на Хонгконг. САД и понатаму ги имаат најбогатите домаќинства во 2021 година, а Њујорк е дом на најбогатите поединци во светот, според извештајот на консултантската компанија за инвестициска миграција „Хенли и парнтерс“.

Околу 345.600 милионери живеат во Њујорк, заедно со 15.470 мултимилионери кои имаат имот вреден повеќе од 10 милиони долари, 737 центимилионери (богатство од 100 милиони долари или повеќе) и 59 милијардери, се наведува во извештајот.

Главниот град на Јапонија, Токио, го зазеде второто место со 304.900 богати поединци.

Областа на заливот Сан Франциско, каде што се наоѓа и Силициумска долина, ги заокружува првите три најбогати града со 276.400 богати поединци, од кои 12.890 се мултимилионери.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.