Кралицата Елизабета Втора ќе биде погребана на 19 септември

news
Advertisement

На 19 септември поворка ќе го однесе ковчегот од Вестминстерската палата до Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи државната погребна служба
Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора ќе биде во Вестминстерската палата во Лондон на 19 септември. Утре ковчегот на кралицата ќе биде однесен во официјалната шкотска резиденција на британското кралско семејство во Единбург.

Advertisement

Потоа, во понеделник, ќе биде однесен од палатата до катедралата Свети Гилс, каде што ќе остане до вторник.

Ковчегот потоа ќе биде преместен од Единбург во Бакингемската палата во Лондон.

Во среда, ковчегот повторно ќе биде преместен, од Бакингемската палата во Вестминстерската палата, каде ќе стои до денот на погребот, на 19 септември.

На 19 септември поворка ќе го однесе ковчегот од Вестминстерската палата до Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи државната погребна служба.

Британскиот крал Чарлс Трети го прогласи денот кога неговата мајка Елизабета ќе биде погребана за државен празник.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.