Лила сподели зафрканција на своја сметка: „Со кандилото иде по куќи да крштева вода“ (ФОТО)

news
Advertisement

Лила Стојановска или Лила Филиповска, со години е една од нашите најпопуларни јавни личности. Убавата Лила освен што е успешна во ТВ бизнисот, е и влијателна на социјалните мрежи.
Во една прилика, Лила зборуваше на тема дали ѝ пречат многуте озборувања на нејзина сметка, популарно наречени тролања. Таа рече дека не ѝ пречи кога ја нарекле Господар на прстените, туку напротив, дека тоа ѝ било симпатично.

Advertisement

–Кога си толку години јавна личност како јас, треба да се навикнеш на сите тие муабети. Тие се повеќе саркастични, а јас обожавам саркастичен и интелегентен хумор, и кога на тој начин ме тролаат ми се слатки знаеш“, откри Лила.
Зборуваше и за згодите и незгодите на снимањата на квизот „Се или нешто“. Лила рече дека имало натпреварувачи кои буквално паѓале во несвест од трема, и таа и екипата правеле сеанси за да ги опуштат.
–Овој квиз ми дојде како една убава промена, затоа што е едно вистинско реално шоу, учествуваат луѓе кои не биле пред камера. Па, им годи популарноста која им ја донел квизот.

Ова е едно вистинско реално шоу на луѓе од соседството. Па, сме и имале и кавга помеѓу сопружници- Ти не ме послуша, требаше да земеш волку или волку пари. Имало се и сешто, но ќе остане запаметена онаа моја реакција по земјотресот пред неколку години.
Таа заврши во странските портали. Не сум јас Робокап, ниту некоја силна жена, едноставно не можеш да се правиш силен пред силата на природата. Тогаш сфаќам дека се е психоза. Како реагира првиот, така реагираат сите.
Ако јас тргнав да бегам, е ќе го направеа тоа и сите. Апсолутно се чувствував безбедно, затоа што нашата телевизија ја има таа сеизмолошка безбедност“, рече Лила.

Потоа, Лила зборуваше и за фамозниот „банкар“ од квизот „Се или нешто“, и за тоа дали навистина разгоара со него.
–Ако ви откријам, тогаш мистеријата околу банкарот едноставно ќе исчезне. Тоа е еден лик којшто навистина постои, и оние луѓе коишто се мислам дали разговара со него, имаат малку скепса. Зборуваш со некого или самата си себе си зборуваш, глумиш?
Па потоа си викам, толку ли луда јас изгледам на телевизија? Години и години, емисии и емисии, јас разговарам сама со себе. Еј, банкару!
Не е така, банкарот навистина постои, и е еден исклучително интересен лик, жалам што не можам да ви откријам кој е“, рече Лила.

Потоа, за неа зборуваше нејзиниот пријател и ПР Спасе Јовановски, кој е сега ТВ презентер во „Сител“, и раскажа како почнало нивното пријателство.
-Лила сакаше да ме истепа, буквално. Се запознавме пред 15 години, јас работев во тогашен естраден магазин, односно жолт печат, „Свет“. И како најдобар таму, ѝ се јавив на неа, дознав некои информации за неа за некој дечко, била видена таму во некое диско.
Таа реагираше целата разулавена: Кој ти кажа? Потоа му се јави на мојот уредник, да ме тепа сакаше во наводници. Потоа се запознавме, и еве оттогаш, цели 15 години сме заедно.

Лила кога е нервозна…, во принцип таа има голем праг на толеранција. А кога некој ќе ја изнервира, едноставно го трга од нејзиниот живот. Кога е нервозна, само тргни се од неа на некои си 5 минути, а после може пак да се смееме“, рече пријателот за Лила.
За крај Спасе рече: Јас не би ја прашал Лила ништо, туку екслузивно за Сител ќе откријам дека во август не очекува свадба“, рече Спасе, а ова се случи минатата година.
На ова Лила се насмевна и искоментира: Па, изглеа некој ме запросил преку Спасе. Слушај, Јелена, свадба без оро и без музика не бива, кога ќе поминат мерките, ве канам сите.

Јас многу сакам свадби, посебно свои“, рече Лила и додаде дека ужива да носи класична венчаница во која се чувствува како принцеза.
-Јас за третпат, ако некој се прелаже да ме земе, зошто да не. Веројатно преку Спасе идат сите мои доворувачи, меѓутоа јас ќе кажам да, не се вели не ако некој ти понуди брак“.
Лила објави слика каде што е топ дотерана, и повторно се пошегува на сметка свадба. Лила често знае во јавност да каже дека два пати била мажена, и не е исклучено тоа да се случи и трет пат.

Облечена во убав свадбен фустан, ама не невестински, Лила позираше од свадба и раскажа што е она што најмногу го сака кај свадбите. Притоа, упати порака до сите оние кои ја следат.
-Кај свадбата најмногу сакам да не е моја. Ама сакам да се забавувам и да посакам само убавини на тие што ја прават. И секако да се дотерам …и овојпат Elena Pandeva ме дотера а јас се сликав да видите како изгледав.
Ако ви се свиѓа лајкнете мада и не морате, битно е да ме видите …. Да се среќни младенците“, порача Лила.
По овие фотографии, на социјалните мрежи се појави интересен коментар со една од сликите, кој на Лила и се допадна и го сподели!

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.