Маглата го отежна авионскиот сообраќај, намалена видливост на повеќе патни правци

news
Advertisement

Поради густа магла се одложени или откажани дел од летовите на Меѓународниот аеродром во Скопје, а отежнат е и патниот сообраќај на неколку правци низ државата.

Advertisement

Според информациите на веб страницата на Меѓународниот аеродром, откажани се летовите од Бремен и Дортмунд, а одложен е летот од Истанбул. Единствено, на скопскиот аеродром слетал авионот од Виена. За околу четири часа е одложено и полетувањето за Истанбул и за скоро еден час летот за Лондон. Во делот на патниот сообраќај пак, како што соопштија од јавното претпријатие „Македонија пат“ намалена видливост до 150 метри има на патниот правец Тетово – Групчин и од 50 до 100 метри на патните правци Битола-Прилеп-Плетвар, Кичево-М.Брод, Скопје-Куманово, Скопје-Велес, Велес-Катланово и Кочани-Штип.

За денеска од УХМР најавија сончево време низ државата, ама магла по котлините меѓу кои е и скопската. Во Скопје, најавено е нејзино краткотрајно намалување во попладневниот период. Ветер се очекува од вторник попладне.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.