МАКЕДОНСКИ ПОШТИ БЕЗ ПАРИ: Над 2.000 вработени останаа без плати, директорот со молби да не се организира штрајк?!

news
Advertisement

Македонски пошти се без плати, ова за КУРИР го сведочи вработен во институцијата кој вели дека директорот ги оставил втора недела без плати.

Advertisement

„Законскиот рок за земање на платите во Македонски пошти е до 15-ти во месецот, но еве втора недела по ред плата се уште немаме“, вели нашиот извор.

⬇⬇⬇

Нов начин на лекување на простатата и потенцијата. Можно е да се врати и подобри потенцијата и да се намали ноќното мокрење!
МАКЕДОНИЈА
МАКЕДОНСКИ ПОШТИ БЕЗ ПАРИ: Над 2.000 вработени останаа без плати, директорот со молби да не се организира штрајк?!
Автор:
4NEWS.Mk Деск
21/09/2022

Македонски пошти се без плати, ова за КУРИР го сведочи вработен во институцијата кој вели дека директорот ги оставил втора недела без плати.

„Законскиот рок за земање на платите во Македонски пошти е до 15-ти во месецот, но еве втора недела по ред плата се уште немаме“, вели нашиот извор.

⬇⬇⬇

Вратете го видот на која било возраст со овој метод…не се потребни операции !!!
Тој додава дека Синдикатот на Македонски пошти бил на состанок со директорот Васко Стефанов, а тој на истиот ги молел да нема штрајк или протест на вработените и дека плата ќе имало до крајот на месецот, за август, а на почеток на октомври (што е речиси следната недела) вработените ќе добијат плата за месец септември.

Претседателот на Синдикатот на Македонска пошта, Боро Велигденов во изјава за КУРИР вели дека имале средба со Управниот одбор и директорот, но од таму не дале одговор кога ќе имаат плата вработените.

Средба со Управниот одбор на Македонски пошти имавме, но од таму не ни посочија конкретен одговор кога ќе има плата за вработените. Од нас бараа да бидеме трпеливи, посочија и дека не се сигурни дали неделава ќе обезбедат пари за плати за вработените. Од таму ни дадоа уверение дека ќе биде се во ред, вели тој.

Велигденов додава дека следниот чекор за нив како синдикално здружение се стапување во штрајк.

Согласно законските регулативи, Законот за работни односи и Законот за поштенски услуги ќе ги преземеме сите мерки за заштита на вработените, доколку не се реши овој проблем ќе бидеме приморени да стапиме во штрајк или протест. Ние стапивме во штрајк и пред четири месеци, но многу е тешко да се организира на ниво на цела Македонија каде имаме 15 подружници. Нормално нема да останеме неми на овој проблем, но повеќе детали за финансиската состојба на претпријатието можете да добиете од Управниот одбор, вели Велигденов.

Тој вели и дека ова е прв пат Македонска пошта да остане без плата од самото постоење.

-Ние сме свесни дека има влијание и коронакризата и финансиската криза во земјава, но ние сме државна компанија која е давател на услуги на граѓаните и не може вработените да немаат плати, вели во изјава за КУРИР претседателот на Синдикатот на Македонски пошти.

Во пошта во моментов има над 2.000 вработени, што значи дека сите тие на ниво на целата земја чекаат задоцнета плата која не се знае ниту дали и кога ќе ја земат.

Инаку вработените во месец април бараа линеарно покачување на платите, а тогаш организираа и штрајк со неработење и блокирање на институцијата.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.