Максим Димитриевски најави учество на следните парламентарни избори, формира граѓанско движење

news
Advertisement

Движењето, според неговите најави, би се промовирало кога ќе се знае датумот за следните парламентарни избори бидејќи ако во овој момент се претстави со програма тогаш смета дека би служело како боксерска вреќа за други партии

Advertisement

За шпекулациите дека Црвенковски ќе биде дел од оваа иницијатива, Димитриевски рече дека до овој момент со него не разговарале на оваа тема, но порача дека се отворени за секого. Тој не ја исклучи и можноста поранешниот заменик-министер за образование од СДСМ, Петар Атанасов, да биде дел од тимот што ќе го понуди ова движење

По концептот на иницијативата „За наше Куманово“ од локалните избори во октомври лани, Максим Димитриевски најави трка на изборите и на централно ниво – на следните парламентарни избори, кога и да се случат тие.

„Македонија има потенцијал и потенцијални кадри кои можат да бидат составен дел на новото граѓанско движење кое ќе излезе на политичка сцена на следните парламентарни избори“, рече Димитриевски вечерва во Дневникот на Сител ТВ.

На прашањето кога би била основачката конвенција на ова движење или политичка партија, тој рече дека сè уште не е дефинирано бидејќи сè уште се разговара.

„Доаѓаат голем број иницијативи од голем број граѓани од цела држава. Целиот концепт ќе биде по концептот на граѓанската иницијатива на последните локални избори ‘За наше Куманово’ која даде резултат и, всушност, и ги реализира политиките што ги понудивме на кумановчани. Тоа дефинитивно ќе биде граѓанско здружение и ќе биде од граѓаните за граѓаните со реално остварливи политики и луѓе кои сакаат да дојдат и да работат“,

рече актуелниот градоначалник на Куманово.

Според неговите најави, официјалната промоција на движењето ќе биде откако ќе се утврди датум за следните парламентарни избори. Ако се промовираат уште сега, смета тој, ќе им служат како боксерска вреќа на другите партии.

„Ако се оваа година, ние сме подготвени тоа да го сториме во текот на следниот месец. Но, во моментов сметам дека ако излеземе со една понуда ние ќе служиме како боксерска вреќа на останатите субјекти бидејќи факт е дека овој начин на делување, како што го практикуваме во Куманово, привлекува внимание и добиваме доверба од граѓаните“,

рече Димитриевски.

Тој засега не сакаше да открива имиња, не поради, како што рече, страв од притисоци врз него, туку поради останатите луѓе кои ќе бидат дел од овој субјект. За шпекулациите дека поранешниот претседател и премиер, како и лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, ќе биде дел од оваа иницијатива, Димитриевски рече дека до овој момент со него не разговарале на оваа тема, но порача дека се отворени за секого.

„Иако излезе во јавноста дека господинот Црвенковски е директно вклучен во оваа иницијатива, јас до овој момент со господинот Црвенковски, кого исклучително го почитувам и како човек и како поранешен претседател на државата, на оваа тема немам разговарано. Иницијативата е отворена за сите кои се добронамерни. Но, морам да напоменам дека првично позициите и одговорностите во оваа нова политичка гарнитура ќе ја носат луѓе од сегментот на образованието, бизнис-фелата, земјоделци, интелектуалци, работници и луѓе со опит кои досега немаат вршено каква било јавна или политичка функција, а особено не луѓе зад кои се влечат поранешни хипотеки“,

Дали, пак, можеби Петар Атанасов, кој беше заменик-министер за образование од СДСМ, ќе биде дел од движењето и ќе биде задолжен за секторот образование, Димитриевски одговори: Можеби.

„Тоа е добро да се говори, го почитувам Петар Атанасов, многу работеше во периодот на опозицијата на СДСМ за овој ресор. За жал, не доби шанса да покаже што знае. Можеби тој ќе биде еден од идните. Но, прво ќе одиме по принципот прво да скокнеме, па да кажеме оп. Граѓаните се тие што ќе земаат и даваат мандат. Ќе излеземе со чесна понуда, ќе ги дадеме нашите можности и реално остварливите политики, а тие на крајот ќе се одлучат на кого ќе ја дадат довербата. Така впрочем беше и во Куманово“,

кажа Димитриевски.

Зборувајќи за тоа каков став би заземал овој субјект за актуелните политички случувања околу Бугарија, тој за уставните измени спомена дека е потребен реципроцитет, додека за референдумот што го најавува ВМРО-ДПМНЕ смета дека е задоцнет.

За бугарскиот народ рече дека е близок со македонскиот, меѓутоа она што го критикува е негативната официјална политика кон Македонија од страна на Република Бугарија.

Максим Димитриевски е поранешен пратеник од СДСМ, а во моментов го извршува вториот мандат како градоначалник на Куманово. Во 2017 година тој победи како кандидат на социјалдемократите, но на ланските избори неговата матична партија реши да не го кандидира него туку Оливер Илиевски. Димитриевски се спротивстави на одлуката на партијата, се кандидираше како независен со своја листа советници и успеа да ја добие доверба од кумановчани.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.