Малолетничка возела „БМВ“ во круг на фабрика, па удрила во паркиран виљушкар

news
Advertisement

Во СВР Тетово синоќа околу 40 минути по полноќ пријавено е дека во кругот на гостиварска фабрика на излезот од Гостивар, патничко возило „бмв“, со тетовски рeгистарски ознаки,управувано од малолетничка од гостиварска Долна Бањица, удрило во паркирано возило виљушкар.

Advertisement

-Во несреќата, совозачот А.М.(18) се здобил со тешки телесни повреди, а малолетна сопатничка со телесни
повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде биле пренесени за
укажување на лекарска помош, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Advertisement

Leave a Reply

Your email address will not be published.